Air France-KLM изгуби 7,1 милијарди евра

18

Компанијата Air France-KLM минатата година изгуби 7,1 милијарди евра поради последиците од пандемијата на коронавирусот.

Бројот на патници на Air France-KLM минатата година исто така падна за 67%.

Според француско-холандската групација, компанијата изгуби две третини од своите клиенти поради пандемијата, а прометот опадна за 59% во споредба со 2019 година.

Компанијата предупреди дека првиот квартал од 2021 година ќе биде тежок и дека заздравувањето ќе биде ограничено, иако очекува заживување на сообраќајот во вториот и третиот квартал благодарение на вакцините.

Владите на Франција и Холандија минатата година ветија милијарди евра за да им помогнат на превозниците да го преживеат бруталниот пад на воздушниот сообраќај предизвикан од коронавирусот.

фото: Pixabay