Air France-KLM ќе основа нискобуџетна авиокомпанија

17

air-f

Air France-KLM ќе создаде уште поконкурентна авиокомпанија за да ги придобие клиентите од авиопревозниците од Персискиот залив и да ја врати поранешната водечка позиција.

Новиот шеф на Air France, Жан-Марк Жанајак, го најави новиот план, велејќи дека компанијата “се бори на сите фронтови”, јавува BBC.

Новиот бренд сè уште нема име, но Air France планира да понуди економска и бизнис класа на нови и обновени рути. За да им конкурира на нискобуџетните ривали, пилотите и посадата ќе бидат вработени под поинакви услови од оние во главната компанија.

Air France планира до 2020 година, новата авиокомпанија да има 10 авиони за прекуокеански летови.