Air France – KLM купува 31% од Virgin Atlantic

18

virgin

Фото: Virgin Atlantic

Британскиот милијардер Ричард Брансон ќе продаде 31% од своите акции во авиокомпанијата Virgin Atlantic на француско – холандската Air France – KLM за 220 милиони фунти.

Брансон до сега имаше 51% удел во Virgin Atlantic, а американската компанија Delta Airlines ќе ги задржи своите 49%.

“Virgin Atlantic направи голема промена во искуството на луѓето во однос на летањето во изминатите 33 години и ја трансформира авионската индустрија на подобро. Ова е фантастична можност да ја прошириме нашата мрежа и да создадеме посилен шампион, како и да бидеме исклучително корисни за нашиот народ и за брендот Virgin Atlantic, кој нашите клиенти многу го сакаат”, изјави Сер Ричард Брансон, основач на Virgin Group, стои во соопштението.

Virgin Atlantic ќе ја задржи својата независност како британска авиокомпанија со британски оперативен сертификат и ќе продолжи да лета под брендот Virgin.