Новиот La Premiere пакет на Air France е фаворит во битката за луксузна превласт на небото. Новите луксузни седишта во Boeing 777-300 за прв пат ќе бидат достапни во септември годинава. Можеби нема да бидат луксузни како седиштата во Airbus super jumbo, но La Premiere е најдобриот потег на Air France да го пренесат францускиот луксуз во меѓународни патувања.
„Новиот La Premiere пакет е најдобриот дел од сите наши нови производи и услуги и најдобро ја претставува нашата заложба за совршена услуга и француско патувачко искуство“, вели Фредерик Гагеу, претседател и извршен директор на Air France, пишува Business Insider.
Луксузните седишта ќе бидат лоцирани во ексклузивни кабини, со ограничен пристап на останатите патници. Air France ќе инсталира 76 седишта на 19 Boeing 777 наменети за интерконтинентални или прекуокеански рути.
Сите патници ќе имаат пристап до целосната забава на 12 јазици, преку 24-инчен HD екран чувствителен на допир. Кожните седишта ќе имаат функции за масажери.
Патниците ќе уживаат во храната од познатите готвачи, а ќе имаат и избор од винската листа што ќе се ажурира на секои два месеци. Сите оброци ќе бидат послужени во Bernardaud дизајнирани кинески порцелански садови.
Навечер седиштата се адаптираат во кревет, за да го имитираат релаксирачкото чувство на париска хотелска соба, а перниците и постелнината за La Premiere патниците ќе биде од Sofitel.
Погледнете како изгледа сето тоа.