Air Serbia именуваше авион по научникот Никола Тесла

49

air serbiaa

Air Serbia, српската национална авиокомпанија, на авионот A330 што ќе лета на линијата Белград – Њујорк, му даде име по научникот Никола Тесла.

“Милијарди луѓе ширум светот секојдневно ги користат изумите на Никола Тесла, а тој е тесно поврзан со Њујорк, каде што го минал поголемиот дел од животот. Чест ни е повторно да летаме во овој град со неговото име истакнато на нашиот авион. Пионерскиот дух и инвентивност на Тесла се во согласност со желбата на Air Serbia да воведува иновации и да ги надминува очекувањата кога станува збор за регионалниот воздушен сообраќај”, изјави генералниот директор на Air Serbia, Дане Кондиќ, стои во соопштението.