Air Serbia со посебна понуда за неколку регионални летови

41

air-serbia

Српскиот национален авиопревозник, Air Serbia на патниците им нуди можност да патуваат со авионите Airbus A330 на одредени регионални летови.

Авиокомпанијата со овој авион со 254 седишта денеска го реализира летот меѓу Белград и Подгорица, на 11-ти јуни летот меѓу Белград и Бања Лука, а летовите на релација Белград – Загреб ќе ги реализира во одбрани термини меѓу 12-ти и 21-ви јуни.

Во текот на промотивниот период, цената на повратен билет меѓу Белград и Загреб со А330 ќе се движи од 69 евра, а билетот во еден правец ќе чини 39 евра.