Air Serbia воведе три лета неделно за Охрид

50

air serbia

Српскиот национален авио превозник, Air Serbia, ја прошири својата мрежа во Македонија со воведување на три лета неделно до Охрид.

“Охрид е фантастична нова дестинација во нашата мрежа и популарно туристичко одредиште. Градот привлекува туристи од цела југоисточна Европа, која сега може да ги доживее неговиот бројни атракции, користејќи ги можностите што се нудат преку поврзување со Белград. Знам дека патниците со нетрпение ги очекуваа овие летови и многу сум среќен што имаме прилика овој прекрасен град, за кој се вели дека има 365 цркви по една за секој ден во годината, на нашите гости да им го направиме да биде достапен. Развојот на туризмот е од суштинско значење за нашиот развој како авиокомпанија, како и досега, и натаму разгледуваме нови можности за воспоставување воздушен сообраќај и кон други важни летни дестинации“, изјави Дане Кодниќ, генерален директор на Air Serbia.

Првиот лет беше реализиран вчера со слетување на аеродромот Свети Апостол Павле во Охрид во 14:45 часот. Летот Белград – Охрид ќе сообраќа понеделник, среда и петок со авионот ATR 72 со 66 седишта.