Авиопревозникот AirAsia отвори ресторан каде што ќе ја нуди истата храна којашто се служи за време на лет.
AirAsia, којшто е најголем авиопревозник на континентот што нуди евтини карти го отвори својот прв ресторан во Куала Лумпур, Малезија, а планира да го збогати своето портфолио со повеќе од 100 ресторани глобално.
Неговото име е Santan, што на малезиски значи кокосово млеко, истото млеко што превозникот го служи и за време на лет, пишува CNN.
Во менито вклучени се и локални деликатеси како ориз и пилешко, кафе чај и десерти. AirAsia е првиот авиопревозник што нуди ваков тип на услуга.
Фото: Pixabay