Airbnb бара од соседите да станат кодоши и да пријават забави во соседството

134

Во пресрет на американските празници, Airbnb испрати порака до сите што ќе резервираат сместување преку нивната платформа, како и до своите соседи.

Во САД се наближува Меморијалниот ден и 4-ти јули, кога многу Американци ќе одат на одмор, а некои од нив ќе најдат сместување преку Airbnb. Многумина ќе го искористат тоа време за да се релаксираат и да се забавуваат, но Airbnb потсетува на правилата за сместување кои важат од 2020 година кога ги забранија забавите во изнајменото сместување, односно ги предупредуваа гостите да не прават забави во куќи и апартмани. Оттогаш, има пад од 55 отсто во извештаите за забави и бучава во сместувањето во Airbnb.

За вакви прилики што доаѓаат, но и на пример. За време на Ноќта на вештерките и новогодишните прослави овие правила се особено нагласени. Airbnb го стори истото за време на Меморијалниот ден минатата година, а во овонеделниот блог пост објавија дека истиот строг режим ќе продолжи и во текот на претстојниот продолжен викенд. Компанијата на тој начин има намера да воведе одредени ограничувања за сите резервации во траење од една или две ноќевања, а најавија и блокирање на резервации кои ќе изгледаат ризични, врз основа на претходни прегледи, оддалеченост од местото на резервација за сместување итн.

Во случај на непочитување на правилата, гостите се предупредуваат дека може да бидат суспендирани или блокирани да ја користат нивната сметка.

Исто така, Airbnb ги покани сите соседи да користат т.н „Соседски линии за помош“ ги известуваат сите гости кои организираат забави во сместување што ги изнајмиле преку нивната платформа. Потсетија и дека на домаќините им нудат специјални сензори кои го мерат нивото на бучава за да можат да ја следат состојбата во сместувањето што го изнајмуваат, но без да ја нарушат приватноста на своите гости.

Иако инцидентите на Airbnb се ретки, ние сме посветени да им помогнеме на нашите домаќини да промовираат одговорно патување во нивните населби и да го намалиме ризикот од вознемирувачки забави, кои се забранети на нашата платформа, коментира компанијата.