Airbnb речиси четирикратно ги зголеми приходите

65

Приходите од дигиталната платформа за изнајмување на Airbnb  се зголемија скоро четири пати во вториот квартал благодарение на вакцинацијата против Ковид -19 што овозможи да се олеснат ограничувањата на пандемијата и да се ослободи побарувачката за патување.

Во периодот од април до јуни, Airbnb заработи 1,3 милијарди долари. Во истиот период минатата година, во екот на првиот бран на пандемијата, приходите беа 335 милиони долари.

Бруто вредноста на резервациите е повеќе од тројно зголемена на 13,4 милијарди долари, соопшти компанијата.

Фото: Pixabay