Airbnb со нова хотелска услуга Airbnb Plus

22

air-bnb-1Фото: Airbnb

Американската компанија Airbnb најави дека ќе воведе поинаков вид на хотели што ќе ги нарече Airbnb Plus. Новите објекти ќе обезбедат максимална удобност и креативен дизајн, ќе имаат од 4,8 до 5 ѕвездички, а просечната цена за едно ноќевање ќе биде 200 долари, пишува The Verge.

Сите оние објекти што сакаат да бидат ново седиште на Airbnb треба да аплицираат на оглас, а потоа во нивните простории ќе биде испратен фотограф кој ќе направи фотографии од местото и ќе одлучи дали објектот ги исполнува критериумите за квалитет на компанијата. Потенцијалните Airbnb Plus хотели треба да имаат чиста и одлично средена кујна, уредни тоалети и креативно дизајнирана дневна соба.

Угостителската платформа, којашто позната по тоа што на туристите им нуди различни видови соби за одмор, неодамна ја прошири својата платформа и кон подвжини домови и куќи изградени од дрво.

Во изминативе десет години Airbnb обезбеди сместување на над 300 милиони гости ширум светот.  Компанијата најави дека размислува да вложи и во луксузни апартмани што ќе ги нарече Airbnb Beyond.