Фото: Pixabay
Франција ја тужи платформата за изнајмување на сместување за странци Airbnb, поради објавување на 1.000 нелегални реклами. Сумата што Париз ќе бара компанијата да ја плати како отштета, може да изнесува и над 12,5 милиони евра, пишува Reuters.
Според францускиот закон, сопствениците на домови во главниот град можат да ги изнајмуваат истите на платформи 120 дена годишно. Притоа, рекламите мора да вклучат броеви за регистрација преку коишто се гледа дека не е преминат дозволениот лимит.
Компании како што се Airbnb можат да добијат казни од 12.500 евра за нелегално постирани реклами за сместување.
Франција е вториот најголем пазар на Airbnb после САД. Париз, со околу 65.000 огласени домови, е градот со најголем број на сместувања понудени од компанијата.