Airbus го креираше првиот 3D испечатен мотор

18

3060144-slide-4-the-light-rider-is-the-worlds-first-3-d-printedФранцуската авиокомпанија Airbus го создаде привиот 3D испечатен електричен мотор. Наречен е Light Rider, тежи само 35 килограми, може да помине 60 километри со едно полнење на батеријата, а достигнува максимална брзина од 80 километри на час.

Секој 3D испечатен дел од возилото е направен со помош на селективен 3D ласерски систем за печатење, којшто топи и составува милиони алуминиумски честички заедно. Една од причините поради која Light Rider е 30% полесен од останатите мотори, произведени на конвенционален начин, е тоа што неговите рамки се празни, што не значи дека не се доволно издржливи.

Дизајнот на моторот е дело на подружницата на компанијата APWorks, чие седиште е во Германија, а неговата цена изнесува 57.000 долари.

apworks_light_rider_1-2016-05-20-16-15-01