Ова неверојатно летало беше неодамна претставено во Орландо, Флорида и веднаш привлече големо внимание. Компанијата што стои зад изградбата на Airbus H160, Airbus Helicopter, е позната по своите исклучителни воздушни летала.
Хеликоптерот, којшто има сосем нов дизајн е направен од делови кои ја намалуваат тежината, а притоа не влијаат на цврстината на превозното средство.
Благодарение на материјалот од кој што е направен, H160 има мала потрошувачка, отпорен е на корозија и бара многу помалку одржување од останатите хеликоптери.
Airbus H160 има посебно дизајнирана опашка што ја зголемува аеродинамиката и стабилноста на леталото. Хеликоптерот го движи Turbomeca Arrano мотор, што троши дури 20% помалку гориво од останатите превозни средства.
Може да смести 12 луѓе и да се движи со брзина од 300 километри на час.
Цената на ова технолошко чудо сè уште не се знае, а ќе биде пуштен во продажба во 2018 година.