Фото: Kickstarter
Aire е летечки роботски асистент за домот. Корисникот може далечински да го контролира дронот кога тој не е дома преку смартфон и да провери што се случува во домот. Во него има вградено звучник и микрофон и може да се воспостави видео конфернеција, пишува Digital Trends.
“За разлика од типичните беспилотни летала што се оптимизирани за лет на отворено, Aire треба да биде управуван околу луѓето, па затоа се фокусиравме на безбедноста, пристапноста, индустрискиот дизајн и корисничкото искуство со акцент на квалитетот на звукот. Во него додадовме процесори, сензори и софтвер како кај автономните автомобили за да овозможи интелигентно однесување“, вели креаторот на дронот Џефри Ценг.
Поставен е на платформата за групно финансирање Kickstarter од каде треба да собере 50.000 долари. До крајот на кампањата остануваат уште два дена и веќе има собрано 83.705 долари.