Airi – интелигентен уред на Bellabeat што се грижи за здравјето на корисникот

45

bellabeat-airi

Фото: Medium.com

Хрватско – словенечкиот старт – ап Bellabeat развива интелигентен уред со вештачка интелигенција, чија главна цел ќе биде здравјето на неговиот корисник, пишува Нетокрација.

Уредот го носи името Airi, а неговиот корисник ќе може интерактивно да разговара со него за да може да си го подобри квалитетот на животот.

“Airi може да ви помогне од повеќе аспекти од вашиот живот, почнувајќи од решавање на постпородилна депресија, до совети за тоа како корисникот да биде во подобра физичка форма. Airi собира податоци од секојдневните активности на неговиот корисник и постојано се надградува“, стои на блогот Medium.com.

Bellabeat е насочен кон развој на паметни уреди што се грижат за здравјето на луѓето, а тоа го покажуваат и производите во нивното портфолио: Leaf, Baby WatchSlice, Shell