Израелската компанија Tactical robotics разви беспилотно летало што носи товар од половина тон и може лета и на места што не се достапни за хеликоптерите.
Станува збор за AirMule, иновативен дрон што има голем капацитет за транспорт на товар, како и доволно простор за евакуација на две лица. Овој дрон може да се користи и во воени услови, но и во вонредни ситуации, како што се земјотреси или поплави.
AirMule може да пренесе товар од 500 килограми на еден лет во радиус од 50 километри, или околу 6.000 килограми за 24 часа. Овој иновативен дрон може да се одржува на едно место со висока прецизност и лесно се движи дури и во неповолни временски услови, што е голема придобивка за разлика од користењето на хеликоптери во определени ситуации.
Дронот ги задоволи сите потребни фактори за безбедност и сигурност, а е опремена и со падобрани, што може да се активираат во случај на дефект на моторот.