Ајфеловата кула ќе произведува струја од ветер

61

1

Ајфеловата кула стана нова икона во индустријата за обновлива енергија, откако американската компанија Urban Green Energy успешно во неа вклопи две ветротурбини со вертикална оска, пишува The Guardian.

UGE објави дека двете турбини можат да обезбедат околу 10.000 киловат часови струја годишно, што одговара на струјата што годишно ја троши комерцијалниот дел на првиот кат на кулата.

Турбините се скоро бесшумни и обоени се во боја на кулата, па тешко се разликуваат од металната конструкција. Лоцирани се на висина од 120 метри.

Во рамките на програмата на обновување на Ајфеловата кула, вградени се LED светилки и соларни грејачи, како и систем за искористување на дождовница.