Ајфеловата кула повторно отворена за посетители

38

Ајфеловата кула се отвора за посетителите од денеска по неколку месеци затворање како дел од епидемиолошките ограничувања. Влезниците се распродадени на интернет. Ајфеловата кула беше затворена кон крајот на минатата година поради пандемијата со Ковид-19.

Симболот на Париз исто така беше затворен за посетителите одреден период од пролетта 2020 година, кога вирусот почна да се шири во Европа. Посетителите на Ајфеловата кула мора да носат маски и да одржуваат социјална дистанца.

Од 21 јули стапуваат на сила нови ограничувачки мерки, така што посетителите ќе треба да покажат негативен тест, доказ за вакцинација или прележан Ковид-19. Ова правило во моментов не важи за малолетници.

Ајфеловата кула секоја година обично ја посетуваа околу седум милиони луѓе. Минатата година беше забележан голем пад на бројот на посетители поради епидемиолошките ограничувања и помалку меѓународни туристи.

Фото:Pixabay