Академиите на Seavus најавуваат втор Challenge Day – натпревар за целосни стипендии

45

Challenge yourself - Radmila Simeonova8

Непосредно пред почетокот на Академската година, Seavus едукативниот и развоен центар го најавува вториот по ред Challenge Day – натпревар за откривање на најперспективните инженери, програмери и дизајнери.

Целта на натпреварот е доделување на три целосни стипендии за најдобрите потенцијални студенти, по една за секоја од Академиите, Академија за дизајн, за компјутерски мрежи и програмирање.

Настанот ќе се одржи утре, 11.09.2015 год. (петок), со почеток во 10:30 часот во креативен, предизвикувачки и иновативен амбиент на Seavus едукативен и развоен центар. Освен тестирањето, овој пат учесниците ќе имаат можност да ги слушнат инспиративните и мотивирачки обраќања на тренерите и успешните студенти на академиите, инаку експерти во својата област, Хајан Селмани, Радмила Симеонова и Иво Бранковиќ.

Последен рок за пријавување за Challenge Day натпреварот е до крајот на денешниот ден на следниот линк: https://goo.gl/VMHkt0.