Акции на РЖ Институт исклучени од котација на берза поради стечај

65

Одборот на директори на Македонската берза, на седницата одржана на 12.07.2021 година, донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од РЖ Институт АД Скопје, поради стечај на друштвото.

Акциите издадени од РЖ Институт АД Скопје ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата (Берзанска котација), почнувајќи од 14.07.2021 година (среда).