Акции со потпис на доверба: Менаџментот на Алкалоид купува акции во компанијата

Во деловниот свет купувањето акции на една компанија е знак за доверба на менаџментот во успехот на компанијата со која управува и сигнал до инвеститорите дека цената на акцијата, според мислењето на менаџментот е погодна за инвестирање.
Кога менаџментот купува акции на својата компанија, тоа често се интерпретира како уверување дека тие веруваат во нејзиниот раст и успех. Овој потег може да ја зголеми довербата на инвеститорите.

Денеска, преку соопштение на Македонската берза, фармацевтскиот гигант Алкалоид  извести дека Живко Мукаетов, Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје и членови на Управниот Одбор стекнале нов број на акции.

Живко Мукаетов, се стекнал со 469 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје, со што поседува вкупно 130.500 или 9,12% од вкупниот број акции. Потоа членот на Управниот одбор, Виктор Стојчевски, се стекнал со 200 обични акции, членот на Управниот одбор, Оливера Панева, се стекнала со 100 обични акции, а членот на Управниот одбор, Ќире Ицев, се стекна со 200 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје. Ѓорѓи Јованов кој исто така е член на Управниот Одбор, се стекна со 200 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје.

Според последните податоци на берзата, денеска акцијата на Алкалоид се трува по цена од 26.501,62 денари.