Акциите на Алкалоид, Комерцијална и НЛБ Тутунска банка најтргувани во март

38

 

makedonska berza

Акциите на Алкалоид, Комерцијална и НЛБ Тутунска банка се најтргувани на официјалниот пазар во март, покажува месечниот статистички билтен објавен на Македонска берза.

Хартиите од вредност на Алкалоид со 235 трансакции учествуваат со 54,05% во прометот на берза во март. Зад нив се акциите на Комерцијална банка со вкупно 124 трансакции, додека со хартиите од вредност на НЛБ Тутунска банка се направени вкупно 45 трансакции.

Акциите на ФЗЦ 11 Октомври од Куманово бележат најголем раст на официјалниот пазар од 76,47%, потоа акциите на Македонија Турист со скок од 8,31%, додека хартиите од вредност на РЖ Услуги Скопје пораснаа за 7,23%.

Од друга страна, најголем пад забележаа акциите на ТТК Банка и тоа од 16,67%, потоа следат хартиите од вредност на Стопанска банка Битола со пад од 15,56%, додека зад нив на трето место се обичните акции на Стопанска банка Скопје со намалување на вредноста за 14,20%.

Пазарната капитализација во март бележи намалување од 2,77% и се позиционираше на 99.295.662.187 денари. Пад од 25,44% е забележан кај прометот на берза, чија вредност минатиот месец достигна 183.281.990 денари. Намалување од 11,60% има кај вкупниот број на трансакции, кои во март беа на ниво од 899. Индексот МБИ 10 забележа пад од 4,72% и во текот на минатиот месец беше 1.755,47 поени.