Акциите на Coca-Cola денес вредат 450.000 пати повеќе од почетокот

32

Coca-Cola деновиве одбележува 100-ти роденден на компаниските акции. Акциите на Coca-Cola првпат се појавиле на јавна понуда во 1919 година, откако Аса Кандлер компанијата ја продал на Ернест Вудроф и неговите деловни партнери.

Со цел да соберат средства за раст на компанијата, на јавноста ѝ понудиле 500.000 акции по цена од 40 долари. Во 1919 година Coca-Cola се продавала само на шест пазари надвор од САД, а денес е присутна во повеќе од 200 земји.

Coca-Cola со децении беше единствен производ на компанијата, но понудата низ годините се прошируваше и денес вклучува кафе, спортски напитоци, чај и друго.
Истовремено со растот на компанијата растеше и нејзината вредност. Оригиналната акција од 40 долари со реинвестирана дивиденда денес би вредела повеќе од 18 милиони долари, односно 450.000 пати повеќе од почетната вредност.

Фото: Pexels