Акциите на европските берзи на највисокo ниво во последнaта година

22

На европските берзи, цените на акциите во понеделникот достигнаа највисоки нивоа во последните година дена, благодарение на оптимистичките очекувања дека закрепнувањето на глобалната економија ќе се забрза.

Индексот STOXX 600 порасна за 0,6%, достигнувајќи го највисокото ниво за една година.

Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 1,05% на 6.658 бодови, додека франкфуртски DAX порасна 0.,40%, на 14.103 бодови, а париски CAC 0,50%, на 5.733 бодови.

Утринава најмногу пораснаа цените на акциите во рударскиот сектор, а следат финансиските и енергетските.

Тоа е благодарение на подобрите квартални резултати од што се очекуваше на низа компании, а инвеститорите се охрабрени и од веста за напредокот на дистрибуција на вакцините против Ковид – 19.

Фото: Pixabay