Акциите на европските берзи тонат – луксузната стока е на удар

94

Акциите на европските берзи денеска забележаа загуби, бидејќи послабите податоци за кинескиот раст ги погодија акциите на производителите на луксузна стока и затоа што растот на цените на суровините го поттикнува стравот дека инфлаторната спирала ќе излезе од контрола.

Паневропскиот индекс STOXX 600 падна за 0,5 проценти, откако го постигна најдобриот неделен резултат од март минатата недела, поттикнат од оптимистичкиот почеток на сезоната на објавување квартални извештаи за профити на компаниите, пренесува Ројтерс.

Азиските акции се исто така во надолна траекторија под притисок на податоците за најбавниот раст на кинеската економија во третиот квартал во минатата година, кој беше погоден од кризата со електрична енергија, тесните грла во ланците за снабдување и големите турбуленции на пазарот на недвижности.

Европските рударски компании, како и компаниите за нафта и гас, денес се меѓу ретките победници на берзата, а нивниот раст е поттикнат од порастот на фјучерсите на сурова нафта на над 85 долари за барел и растот на цените на металите.