Акциите на Комерцијална банка, Гранит и Макпетрол најтргувани во октомври

19

berza-dzvonce

Акциите на Комерцијална банка, Гранит и Макпетрол се најтргувани во текот на октомври, покажува Месечниот статистички билтен на Македонска берза.

Со акциите на Комерцијална банка се направени 293 трансакции и учествуваат со 32,70% во прометот на Официјалниот пазар. Со 91 трансакција, втори најтргувани се акциите на Гранит, коишто учествуваат со 12,67% во вкупниот промет. Трети најтргувани се акциите на Макпетрол со 107 трансакции или 8,64% учество во вкупниот промет.

Три акции со најголем раст е оние на Сковин, Пекабеско и ГД Тиквеш од Кавадарци. Акциите на Сковин забележаа скок од 100%, достигнувајќи просечна цена од 100 денари на крајот на минатиот месец. Зад нив се хартиите од вредност на Пекабеско, чиј пораст е 62,99% и просечна цена од 8.151 денари. На трето место се акциите на ГД Тиквеш од Кавадарци со 61% пораст на вредноста и просечна цена од 161 денари на крајот на октомври.

Најголеми “губитници“ во октомври се акциите на Арцелормиттал Скопје (ХРМ) Скопје со пад од 45,45%, по што просечната цена на 31-ви октомври е шест денари. Пад од 18,92% е регистриран на акциите на Осигурување Македонија АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, чија просечна цена е 1.500 денари. Трети акции со најголем пад во октомври се оние на ЗК Пелагонија Битола и тоа за 12,32%.

Пазарната капитализација во октомври достигна 112.919.312.938 денари, што е за 5,84% повеќе во однос претходниот месец. Забележителен пораст од 73,64% има кај прометот во октомври, којшто достигна вредност од 271.876.233 денари. Во текот на октомври се реализирани 1.457 трансакции на Македонска берза, што е за 51,77% повеќе во однос на претходниот месец. Пораст од 6,37% има кај индексот МБИ 10, којшто се позиционираше на 2.078,84 поени.