Акциите на Lenovo со скок од над 15%

89

Акциите на технолошкиот гигант Lenovo, коишто котираат на берзата во Хонгконг, скокнаа за 15% откако кинескиот производител на компјутери најави дека планира да котира на берзата во Шангај.

Акциите на Lenovo се тргуваа за околу 12 долари, што е пораст од 15,5%, пренесува CNBC.

Lenovo поднесе барање до берзата во Хонгконг да издаде таканаречена кинеска депозитарна потврда на платформата за наука и технолошки иновации на берзата во Шангај, којшто популарно го нарекуваат Ѕвезеден пазар.

Таа потврда на инвеститорите од континентална Кина им овозможува да купуваат акции од некинески компании и слични се американските депозитарни потврди коишто овозможуваат тргување со акции на неамерикански компании на берзите во САД. Тие технички не се акции, туку удели во капиталот на компанијата.

Шангајскиот Ѕвезден пазар е формиран во 2019 година со цел привлекување иновативни технолошки компании по ублажување на правилата за котирање во однос на другите акции. Во декември минатата година, на овој пазар влегле околу 200 компании.

Фото: Freepik