Акциите на Netflix паднаа за 10% откако изгуби 100.000 претплатници во САД

25

Акциите на американската компанија за стриминг услуги, Netflix паднаа повеќе од 10% откако изгуби 100.000 претплатници во САД. Со ова предвидувањата на компанијата за зголемување на бројот на претплатници, од првиот квартал годинава не се остварија.

Во писмо упатено до своите акционери, Netflix вели дека “слабата“ содржина и повисоките цени можеби се виновни за намалување на бројот на претплатници, пишува Forbes. Но, со серијалот Stranger Things, The Crown и финалната сезона на Orange Is The New Black, компанијата предвидува дека бројот на претплатници повторно ќе се зголеми, односно ќе порасне на седум милиони.

Murder Mystery во којшто настапуваат Адам Сендлер и Џенифер Анистон е досега најгледан филм на Netflix со 73 милиони прегледи за време на првите четири недели.

Фото: Pixabay