Акциите на Netflix паднаа за 11%

22

Светски познатата стрим-платформа Netflix објави пад на растот на претплатници, што доведе до намалување на вредноста на акциите на компанијата за 11%. Околу 3,98 милиони луѓе се регистрирале на Netflix меѓу јануари и март годинава, многу помалку од предвидените шест милиони.

Според компанијата, недостатокот на нови програми можеби придонела за падот.

Компанијата лани, откако пандемијата на коронавирусот ги принуди луѓето ширум цел свет да останат дома, имаше 15,8 милиони нови претплатници. Голем дел од нив беа во Азија, каде што Netflix во 2020 година додаде 9,3 милиони нови претплатници, што е зголемување за 65% во однос на претходната година.

Netflix, исто така, се соочува со зголемена конкуренција од новите стрим-услуги кои се најдоа на пазарот. Disney+ веќе има 100 милиони претплатници ширум светот.

Фото: Freepik