Акциите на Пума скокнаа за 17 проценти по веста за можна продажба

Акциите на германскиот производител на спортска опрема „Пума“ вчера пораснаа за 17 проценти откако „Блумберг“ објави дека семејството Пино, кое контролира 29 проценти од компанијата, размислува за продажба.

Според информирани извори, семејството Пино веќе контактирало со потенцијални купувачи, вклучувајќи ги кинеските групи „Анта Спортс“ и „Ли Нинг“.

Вредноста на „Пума“, чии акции паднаа за околу 50 проценти во последната година поради слабата побарувачка и стравот од американските царини, моментално е околу 3,3 милијарди евра.