Акциите на Tesla во плус од 18%

46

Индексите на Wall Street забележаа силен раст по падот на приносите на обврзниците, што инвеститорите ги наведе повторно да се фокусираат на купување акции од технолошки компании, што беа во неколкудневен пад.

Акциите на производителот на електрични автомобили, Tesla забележаа раст од 18%, по петдневната серија на пониска вредност, додека Apple и Amazon имаа раст на цените на акциите за околу 4%. Помал пораст од околу 3% имаа акциите на Microsoft, Netflix и Facebook, пренесува CNBC.

Приносите на 10-годишните американски државни обврзници се намалија за 1,52%. Акциите на многу популарни технолошки компании се намалија минатиот месец и забележаа двоцифрен пад. Tesla, на пример, падна за скоро 30%, Apple за 12%, а Zoom за околу 20%.

Фото: Pexels