Акциите на Tesla за 10 години “рипнаа“ за над 4.000%

65

Американскиот производител на автомобили, Tesla пред 10 години излезе на берза, нудејќи му на пазарот на хартии од вредност, акции по 17 долари, иако првично беше предвиден распон од 14 до 16 долари по акција, пренесува CNBC.

Компанијата на Илон Маск тогаш успеа да собере околу 226 милиони долари преку иницијална јавна понуда, а акциите тој ден забележаа скок од 41% на 23,89 долари. Денес, акциите на Tesla надминуваат вредност од 1.000 долари, што значи дека имаат скок од околу 4.125% од тогаш.

Во меѓувреме, акциите на Tesla забележаа скок од 4% поради што вредноста на компанија достигна уште еден максимум. Поради тоа, пазарната капитализација на производителот на електрични возила достигна 210 милијарди долари.

Фото: Pixabay