Акциите на Трикотажа Пелистер ќе се исклучат од котација на Берза

322

trikotaza pelister

Одборот на директори на Македонска берза донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Трикотажа Пелистер АД Битола, заради отворена стечајна постапка на друштвото, се вели во соопштението на Берза.

Акциите на Трикотажа Пелистер АД Битола ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата, почнувајќи од 26-ти овој месец.