Акција “Македонија без отпад”

56

Проектот Македонија без отпад 2014 ќе се спроведува денеска на целата територија на државата, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина Ајде Македонија.

Овој Проект ќе се спроведува со поддршка и со учество на државните институции, локални самоуправи, јавни и комунални претпријатија, невладините организации, здруженија на граѓани и месното население.

Целта на проектот Македонија без отпад 2014 е организирано и што помасовно да се вклучат граѓаните и сите засегнати групи, да ја исчистат својата околината од отпадот што се наоѓа лоциран на несоодветни места.

Заинтересираните граѓани што сакаат да се приклучат на акцијата може да се информираат на интернет страната на Ајде Македонија, www.ajdemakedonija.mk или во општините.

Доколку забележат неовластено исфрлање и складирање на отпад, граѓаните истото можат да го пријават на бесплатниот телефонски број за итни дојави 195 на Центарот за управување со кризи.