Атрактивен, целодневен попуст доаѓа од Техномаркет во петок, на 13-ти март. За времетраењето на акцијата, во продажните салони на Техномаркет насекаде низ државата, сите производи од светски реномираните брендови ќе бидат достапни по цени со попуст. Акцијата со попусти, „Среќен петок 13-ти“ има за цел да го разбие митот дека овој ден важи за еден од најнесреќните.
Техномаркет многу често организира попусти и акциски продажби, но првпат приредува вакво изненадување за потрошувачите кое освен во продавниците, ќе важи и за online купување.
На овој начин, најголемиот ланeц на продавници за бела техника и апарати за домаќинство, уште еднаш успева да им се доближи на своите потрошувачи, овозможувајќи им креативен пристап и поволен начин за да го набават посакуваниот производ.