Акцијата Отворено со катастарот продолжува

84

katastar.gov.mkПродолжува акцијата на Агенцијата за катастар на недвижности, Отворено со катастарот, преку која граѓаните можат да остварат средби со стручни тимови на Агенцијата, преку кои би се решиле нивните проблеми од областа на катастарот.

Стручните тимови ќе ги поддржат и подрачните одделенија во спроведување на новите проекти на катастарот, како што е дигитализацијата на катастарските планови.

Пет месечната акција ќе почне во подрачното одделение во Битола, со средби со граѓаните од таа општина од 22 до 24 јануари. Од 29 до 31 јануари, активностите ќе продолжи во Охрид. Отворено со катастарот ќе продолжи на 5, 6 и 7 февруари во скопските општини Карпош и Ѓорче Петров, на 12 и 13 февруари во Куманово, Свети Николе и Пробиштип, на 19 и 20 февруари во Кичево, Крушево и Македонски Брод, на 26, 27 и 28 февруари  во општините Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром.

На  5 и 6 март тимовите на Катастарот ќе имаат средби со жителите на Струга и Дебар, на 12, 13 и 14 март во општините Центар, Чаир и Бутел, на 19 и 20 март во Струмица и во Радовиш и на 26 и 27 март во Прилеп, Кавадарци и Неготино.

Во тек на четвртиот месец од акцијата на 2 и 3 април ќе има активности во Гевгелија и Валандово, на 9 и 10 април во Крива Паланка, Велес и Штип, на 16 и 17 април во Демир Хисар, Кочани, Виница и Ресен, на 23 и 24 април во Гостивар и Тетово. На 8 и на 9 мај 2013 ќе се одржат средби во подрачните одделенија на катастарот во Берово и во Делчево. Средбите и работните посети во останатите општини и подрачни одделенија на катастарот ќе се одвиваат од 9 до 18 часот.