Фото: Pixabay
Собранието на акционери на Дебарски бањи Цапа донесе одлука за распределба на добивката за 2018 година.
“Се врши распределба на добивката во вкупен износ од 38.658.384 денари за деловната 2018 година на следниот начин: дел за инвестиции од 32.505.384 денари и дел за дивиденда од 6.153.000 денари“, стои во одлуката.
Дебарски бањи Цапа, исто така, донесе одлука за исплата на дивиденда за 2018 година и утврдување на дивиденден календар.
Бруто износот на дивиденда по акција е 293 денари. Датумот на пресек на акционерската книга според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2018 година е 25.06.2019 година. Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2018 година е 21.06.2019 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2018 година е 24.06.2019 година.
Исплатата на дивиденда ќе биде во законскиот рок.