Акционерите на Реплек ќе добијат дивиденда

187

Акционерите на Реплек ќе добијат дивиденда од тековната добивка и дел од законските резерви, стои во предлог одлуката, којашто пред Собранието на акционери на компанијата ќе се најде на осми април.

“Со оваа одлука се утврдува распределба на добивката на Реплек АД Скопје според Годишната сметка за 2019 година за исплата на дивиденда во нето износ од 3.751 денар по акција, односно бруто износ од 4.168 денари по акција“, стои во предлог одлуката.

Распределбата, како што се наведува, ќе се изврши од тековната добивка (79.737.709 денари) и дел од законските резерви (28.296.851 денар). Вкупно за исплата на дивиденда и персонален данок е 108.034.560 денари.

Последен на тргување со право на дивиденда е 21-ви април, односно прв ден на тргување без право на дивиденда е 22-ри април оваа година. Правото на акционерите за исплата на дивиденда ќе се утврди со пресек на евиденција во акционерската книга на 23-ти април.

Фото: Pexels