Ако имате фирма: Направете осигурување од хакерски напад

218

Пазарот на осигурување од сајбер напади е една од најжешките и една од најкоментираните теми во изминатите неколку години. Кога се говори за овој вид осигурување, мора да се напомене дека јавноста е веќе освестена. Односно, знае што значи да се изгубат најдрагоцените информации, кои биле долго време чувани. Тоа е оној момент кога ќе отиде веќе сработената работа која била заштитена во серверите на компаниите.

Долго време им требаше на големите компании да разберат што значи овој вид осигурување. Меѓутоа, веќе новите генерации менаџери познати како Millenials (родени од 1981 до 1996 година) ги променија работите. Откако ги преземаа лидерски позиции во компаниите, на постарите членови на Бордот на директори, им го доближија овој начин на работа. Подетално ги презентираа придобивките од начинот на осигурување на последиците на сајбер нападите.

Американските фирми прават осигурување од сајбер напади за своите клиенти

За ова доволно говори и фактот што голем број американските граѓани кои секојдневно купуваат онлајн преку американските фирми. Тоа се фирми како Home Depot, Staples and Tesco, TalkTalk, Equifax и други фирми.Тие решија да си направат осигурување за да бидат заштитени во случај од сајбер напад. И тоа во напад кој можно е да останат без парите на својата сметка. Но, во најлош случај да останат и без пензиските заштеди.

Во моментов, најпобарувано осигурување од сајбер напади во САД е осигурувањето на AIG осигурителната компанија. Тоа е познато како FamilyCyberEdge. Во Европа овој тип на осигурување го нудат британската Hiscox и германската Munich Re-owned Hartford Steam Boiler.

Според ревизорската куќа PricewaterhouseCoopers во овој бизнис, според нивните проценки, можно е годишните премии  да поминат и цифри од 7,5 милијарди долари. Доколку индустријата за осигурување не биде паметна и не реагира побрзо, извршните менаџери на Google нема да чекаат многу и ќе им го украдат колачот на матичните компании во овој бизнис.

Allianz предвидува борба во овој сектор

Но, очигледно луѓето во овој бизнис со осигурувањето не спијат и веднаш знаат како да реагираат. Од американската AIG осигурителна компанија потврдуваат дека имаат интерес да влезат и да го разработат и овој вид осигурување.

“Видовме ‘експлозија’ на интерес од нашите посредници и агенти. Но, исто и од финансиски советници кои се заинтересирани“, вели Ана Бруско, лидер на приватната група клиенти на AIG.

Според британската Hiscox, личното сајбер-осигурување на оваа компанија покрива напади и воедно му укажува на клиентот за негова безбедност во иднина. Стивен Ридли од оваа осигурителна куќа, одговорен во оваа област на компанијата, вели дека ова е добитно осигурување. Со ова осигурување, плус им се помага на клиентите да ја подобрат својата лична сајбер-безбедност.

“Ние работиме со Dynarisk, онлајн алатка за управување со ризици. Со оваа алатка обезбедуваме поединецот со сигурна оценка и совети како да се подобри неговата сајбер безбедност“, изјави Ридли.

Но, заедничка работа за овие две осигурителни компании е што нудат осигурување од сајбер напади и за богати личности од општеството.

“Богатите луѓе се свесни за ризикот од напад. Поради тоа, преземаат сигурен чекор со овој тип на осигурување. Само да се знае дека овој тип осигурување чини некаде од 10 до 15% од осигурување на домот. Па, сега можете да сфатите и зошто свеста за осигурување кај богатите е поразвиена“, изјавија од овие осигурителни куќи.

Во САД премиите за осигурување од сајбер напади изминатите години се движат во бројка од околу 2,5 милијарди долари. Со тоа јасно станува за големиот број на кражби на информатички податоци, а со тоа и свеста за сајбер заштита.

Германскиот осигурителен гигант Allianz, според последните истражувања дојде до бројка од 20 милијарди долари до 2025 година, со што и оваа област ќе стане море на ајкули, во која борба кој попрв ќе излезе со подобри услови ќе успее да ги придобие клиентите.