Ако најдат нафта кај Улцињ, ќе ја продаваат сурова

63

Истражувачкото дупчење во морското дно кај Улцињ ветува дека ќе се најде големо нафтено поле, а има и неколку други потенцијални полиња во Црна Гора, изјави државниот секретар за енергија и рударство во Министерството за капитални инвестиции Марко Перуновиќ, додавајќи дека сегашната длабочина на бунарот во Улцињ е 4.700 метри.

Голем е оптимизмот дека на длабочина од 6.500 метри ќе се пронајде економски исплатливо поле.  Има уште неколку интересни области за концесија, од аспект на истражување на нафта и гас, рече Перуновиќ.

Како што наведе, по потврдувањето на резервите, следната фаза е развој на резервоарот, што подразбира дополнително дупчење и развој на производствен модел.

Во случај на позитивно сценарио, првото производство се очекува за три години. Изградбата на рафинерии во Црна Гора не е планирана, што оди во прилог за зачувување на животната средина, а планот е произведената нафта да се продава како сурова, посочи Перуновиќ.