На купувачи во Швајцарија кои одбиваат да стават маски им е забранет влез во синџир маркети на пет години. Во оваа земја, каде што носењето маски е задолжително во затворен простор, самопрогласен “бунтовник против коронавирусот“ се обидел да влезе во супермаркет во градот Луцерн без маска.
Повеќе пати одбил да стави маска и на крајот му забраниле да влезе во продавницата, што е во сопственост на компанијата Migros.
“Доколку купувачот е неразумен, стане насилен, пречи на работата, Migros го задржува правото да му издаде забрана“, рекол претставник на компанијата на швајцарските медиуми.
Фото: Pexels