Ако не сте потфрлиле никогаш, тогаш можеби не сте добар претприемач

80

Ако не сте доживеале неуспех, тогаш не сте ги тестирале границите до каде можете да одите. Ако навистина сте претприемач, по природа сте човек што ризикува и треба да се очекуваат грешки. Не се разочарувајте по неуспех, прифатете го и прераснете го.

Луѓето што се плашат од неуспех не стануваат претприемачи. Тие не можат да го надминат психолошкиот страв од правењето грешки и се плашат дека ќе загубат пари. Подобро се чувствуваат работејќи секој ден иста работа. Успешниот претприемач, од друга страна, на неуспехот гледа позитивно. Неуспехот може да биде пресвртница на патот кон успехот, ако учите од грешките и знаете тоа искуство да го искористите за да преминете на нова идеја.

Еве што советува Бизнис Инсајдер, како да го искористите неуспехот

Прифатете одговорност

Лесно е да се обвинуваат партнерите, клиентите, економијата… Ако ги обвинувате сите други освен себе си, никогаш ништо нема да научите од своите грешки. И запаметете, сами сте избрале да бидете претприемач, затоа не глумете жртва.

Профитирајте на добрите односи

Во секоја лоша зделка има и добри луѓе. Во вакви и слични ситуации многу претприемачи нашле деловен партнер и заработиле милиони долари. Добрите инвеститори повторно ќе вложуваат во вас, а добрите клиенти со задоволство ќе ја прифатат вашата следна понуда.

Учете и профитирајте од грешките

Грешките се бесценети лекции, затоа подобро да учите од нив, отколку да бегате од нив.

Неуспехот обично не се сведува само на еден настан, туку колекција на грешки и околности кои го тестираат трпението на претприемачот. Грешката може да биде прв чекор кон едно успешно патување. Еластичноста и снаодливоста се всушност предност во бизнисот. Затоа, кога ќе го доживеете првиот неуспех, прескокнете го егото и вратете се во колосек поумни за вашиот следен успех.

Фото: Pixabay