Ако работите од дома, тогаш добро ќе ви дојде совет од првиот човек на LinkedIn

75

Основачот на LinkedIn, Џеф Вајнер има свое видување за тоа како се менува начинот на работа од дома поради пандемијата.

Тој смета дека оние луѓе кои имаат среќа да работат од дома, сепак се соочуваат со големи предизвици. “Бесплатното“ време меѓу видео состаноците најчесто се користи за грижа за децата, за лица кои се зависни од туѓата нега, се извршуваат најразлични домашни задачи и буквално “скокаат“ од една на друга задача. На сето тоа, како што пишува Вајнер, да се додаде и неизвесноста за физичката и економската состојба. Затоа, првиот човек на бизнис – социјалната мрежа, ги уверува луѓето кои работат од дома да вежбаат или да се занимаваат со активности што ќе му ја олеснат работата на умот.

“Тоа нема да ви користи само на вас, туку и на оние кои се околу вас“, нагласува Вајнер.

Досега многупати сме пишувале за работата од дома, за тоа како да се зголеми продуктивноста во такви услови, но она што и Вајнер смета дека е важно е секако времето што ќе го одвоите за себе. На тој начин ќе успеете да се изборите со стресот и притисоците од работата, а ќе успеете да ја надминете и ситуацијата што е дополнително потешка поради пандемијата.

Фото: Pixabay