Ако сакате да започнете бизнис сега ова се три перспективни индустрии

305

Претприемачите ја искористија можноста да започнат нови компании во различни индустрии за време на пандемијата од Ковид-19. Иако не сите потфати ќе бидат успешни, компаниите кои помагаат во ублажување на некои од новите предизвици создадени од пандемијата се подготвени за долгорочен раст. Еве три индустрии кои обезбедуваат ветувачки можности за претприемачи кои сакаат да започнат нов бизнис, пишува Inc.

Бесконтактна технологија

Една од најзначајните деловни можности е директно поврзана со еден од најчестите проблеми во ерата на коронавирусот: ризикот од пренесување на вирусот во заедничките простори, како што се продавниците.

“Многу продавници за храна и други деловни активности веќе ги надградија своите продажни системи за да им овозможат на клиентите да плаќаат со паметен телефон или бесконтактна картичка пред пандемијата. Оваа година, имаше поголем интерес за системите без готовина, како оние што се користат во продавниците на Amazon Go“, рече Лора Кенеди, аналитичар на малопродажба во истражувачката компанија CB Insights.

Телемедицина

Телемедицината, којашто е веќе растечка индустрија, брзо се појави како практична алтернатива на помалку важните медицински прегледи откако пандемијата доведе до нови правила околу посетите во живо. Дури и откако вакцината за коронавирусот ќе стане достапна, луѓето кои користеле таканаречени теле-здравствени услуги, веројатно ќе продолжат да ги користат за различни придобивки.

За само шест недели помеѓу февруари и април, стартапите во оваа област собрале 190 милиони долари. Според извештајот на фирмата за истражување на пазарот IBISWorld од август 2020 година, се очекува приходот на компаниите во теле-здравствената индустрија вредни 3,2 милијарди долари да порасне за 8,3% годишно во текот на секоја од следните пет години.

Индустријата вклучува виртуелна примарна здравствена заштита, телевизиска терапија, здравствено осигурување, аптекарски услуги, комплети и уреди за домашно тестирање и апликации за далечинско следење на пациентите.

EdTech – Технологија за обука и образование
Пандемијата ги принуди училиштата брзо да се дигитализираат, а учењето преку Интернет веројатно ќе остане клучна компонента во образованието дури и по поминувањето на пандемијата, се вели во септемврискиот извештај на CB Insights.
Приходите за EdTech технолошките компании, исто така, се зголемија за повеќе од 300% во просек помеѓу март и јули, според истражувањето на компанијата за развој на софтвер Rootstrap.
Овие компании вклучуваат платформи на кои наставниците можат да планираат лекции и да го следат напредокот на студентите, услуги за онлајн настава, дополнителни алатки како што се игри по математика и курсеви за високо образование преку Интернет.
Фото: Pixabay