Ако сте невработени, задолжително направете го ова за да имате осигурување од ФЗО

9610

Својството на осигурено лице го утврдува подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), според местото на живеење односно на работа. Својството на осигурено лице се утврдува врз основа на Пријава за задолжителното здравствено осигурување (ЗО-1) што ја поднесуваат обврзниците за уплата на придонесот, односно лицето кое бара утврдување на својство на осигуреник односно осигурено лице.

Пријавата за задолжително здравствено осигурување се поднесува до Фондот во рок од осум дена од денот на засновање на работниот однос, односно од денот на стекнувањето на својството врз основа на кое осигуреното лице е должно да поднесе пријава за задолжително здравствено осигурување.

Привремено невработените лица кои првпат се пријавуваат како невработени во Агенцијата за вработување и во Фондот бараат утврдување својство на осигуреник, приложуваат:

По извршената проверка на податоците, доколку се утврди дека осигуреното лице спаѓа во друга категорија со повисоки приходи, а не го пријавило тоа и користело здравствени услуги, Фондот по службена должност ќе донесе решение за престанок на својството на осигурено лице, велат оттаму.

Ако  невработениот даде податоци за остварени нето приходи кои не се во согласност со податоците добиени од Управата за јавни приходи, му престанува својството на осигурено лице со што му се укинуваат правата од задолжително здравствено осигурување, освен правото на итна медицинска помош.