Криза во Персискиот Залив: Од 5 март, бродовите остануваат без осигурување од воен ризик

Неколку осигурителни агенции објавија дека го откажуваат осигурувањето од воен ризик за бродовите поради конфликтите во Иран и Персискиот Залив.

Осигурителните компании, вклучувајќи ги „Гард“, „Скулд“, „НортСтандард“, „Лондон П&А Клуб“ и „Американ Клуб“, објавија дека откажувањата на осигурувањето од воен ризик за бродовите ќе стапат на сила од 5 март, објави „Ројтерс“ денес.

Како што е објавено, осигурувањето од воен ризик ќе биде откажано за бродовите во иранските води, како и во Персискиот Залив и соседните води.

Јапонската осигурителна група MS&AD изјави за Ројтерс дека суспендирала голем број полиси за осигурување што покриваат воени ризици во водите околу Иран и Израел и соседните земји.

Тензиите на Блискиот Исток ескалираа откако американските и израелските сили започнаа напади врз Иран во текот на викендот, по што Техеран го затвори превозот низ Ормускиот теснец, клучна точка за глобалниот проток на нафта и гас.

Неколку сопственици на танкери, големи нафтени компании и трговски куќи оттогаш ги суспендираа пратките на сурова нафта, гориво и течен природен гас низ теснецот, а сателитските податоци покажаа дека бродовите се натрупуваат во близина на клучните пристаништа на ОАЕ, како што е Фуџаира.

Податоците за следење на бродовите вчера покажаа дека најмалку 150 танкери се закотвени во отворените води зад Ормутскиот теснец.