Ако сте “заглавени“ дома, може виртуелно да посетите музеи ширум светот

373

Одењето во самоизолација може да звучи досадно, но постои начин да уживате во култура и образование додека сте ограничени да седите во вашиот дом.

Google Arts & Culture се здружиле со над 500 музеи и галерии низ целиот свет за да донесат на секого и секаде виртуелни тури и онлајн изложби на интернет на некои од најпознатите музеи низ целиот свет.

Сега, ќе “отидете во музејот“, а не мора да го напуштате каучот.

За време на двонеделната изолација од вирусот Ковид – 19, прегледајте ги архивите на музеите во кои се наоѓаат некои од највпечатливите уметнички дела.

British Museum, во Лондон

Овој лондонски музеј им дозволува на виртуeлните посетители да го откријат Каменот на Розета и да се соочат со египетски мумии.

Guggenheim Museum, во Њујорк

Преку апликацијата Google’s Street View можете да се искачите по познатите спирални скали на Музејот, без да го напуштите домот. Исто така, на оваа виртуелна тура, можете да разгледате уметнички дела од Импресионизмиот, Постимпресионизмот, но и од модерната и современа уметничка ера.

National Gallery of Art, Вашингтон

Овој американски музеј нуди две виртуелни тури. Првата тура е фокусирана на американската мода во периодот од 1740 до 1895 година, нудејќи фотографии од колонијалната и револуционерна епоха. Втората виртуелна тура е посветена на холандскиот барокен уметник Јохан Вермеер.

Musée d’Orsay, во Париз

Тука можете да ги разгледате уметничките дела на француските уметници во периодот од 1848 до 1914 година. Достапни се дела на Моне, Цезан и Гоген.

National Museum of Modern and Contemporary Art, во Сеул

Разгледајте ги шесте ката на корејскиот музеј и проследете ја неговата колекција.

Pergamon Museum, во Берлин

Еден од најголемите музеи во Германија во својата виртуелна тура ги содржи  “Портата на Иштар“ и “Олтарот на Пергамон“.

Rijksmuseum, Амстердам

Истражете ги уметничките дела за време за златната ера во Холандија, вклучувајќи уметнички дела од Вермеер и Рембрант. Google овозможува Street View тура од овој музеј, па можете да прошетате низ неговите холови.

Van Gogh Museum, во Амстердам
Сите обожаватели на овој брилијантен сликар, можат да ја посетат колекцијата на дела која вклучува 200 уметнички дела, 500 цртежи и преку 750 лични писма.

The J. Paul Getty Museum, во Лос Анџелес
Во калифорнискиот музеј може да се пронајдат европски уметнички дела кои датираат од 8 век.

Uffizi Gallery, во Фиренца 
Оваа помалку позната уметничка галерија ја содржи уметничката колекција на едно од познатите италијански фамилии, Медичи. Зградата била дизајнирана специјално за Косимо Медичи од страна на Џорџо Васари, но архивата на музејот е отворена за сите.

MASP, во Сао Паоло
Музејот за уметност во Сао Паоло е непрофитен и е првиот музеј за современа уметност во Бразил. Уметничките дела се врамени во безбоен плексиглас, па така е чини дека лебдат во воздухот.

National Museum of Anthropology, во Мексико Сити
Изграден во 1964 година, овој музеј е посветен на археологијата и историјата на Мексико пред шпанското влијание. Отворени се 23 соби со артефакти, а дел од нив се од периодот на Маите.

Фото: Pixabay