Доколку е потребно, Франција ќе ги национализира стратешките компании за да ги заштити од последиците од корона кризата, изјави вчера министерот за економија Бруно ле Мер.
Тој рекол дека му испратил на претседателот Емануел Макрон список на стратешки компании коишто на пазарот би можеле да се најдат во опасност.
“Ќе бидеме подготвени да ги искористиме сите расположливи средства за да ги заштитиме тие компании, дали со зголемување на сопственоста на француската држава, дали со докапитализација, дали со крајната опција – национализација“, изјави миностерот, додавајќи дека ако се јави потреба од национализација таа би требало да биде привремена.
Франција на 17 март воведе строги мерки на изолација за да го ограничи ширењето на вирусот. Според официјалните статистички податоци од минатата недела во Франција економската активност е 35% под вообичаеното ниво.
Фото: Pixabay