Акциите на Trump Media пораснаа на почетокот на првиот ден од тргувањето на берзата

9

Цената на акциите на социјалната мрежа на Доналд Трамп скокна за повеќе од 50% неколку минути откако започна јавното тргување под знакот DJT во вторникот наутро.

Акционерите на компанијата „Digital World Acquisition“ неодамна го одобрија спојувањето со компанијата на Трамп TMTG, која стои зад мрежата „Truth Social“ и со тоа овозможија новата компанија да излезе на берза под симболот „DJT“, кои се иницијали на Трамп.

Агенцијата АП тврди дека многу од инвеститорите во „Digital World Acquisition“ се претежно мали инвеститори кои се обожаватели на Трамп или се обидуваат да заработат од манијата околу Трамп.